nexus2cee_gkb-728x463

Google пушти нова верзија од својата тастатура за Android која донесува неколку корисни новини кои сигурно ќе им се допаднат на корисниците. Ова сепак е добра вест за корисниците на мобилните телефони кои оваа тастатура ја имаат како главна, што не е случајот со Samsung, HTC, LG и слични кои со посебниот софтвер, имаат и сопствено решение за тастатура.

Androdi Keyboard 5.0 донесува повеќе новини, а најмногу се истакнуваат можноста за вклучување на режим за користење со една рака, движење на курсорот со повлекување лево и десно на spacebar копчето, како и брзо бришење на цел збор одеднаш со повлекување налево врз копчето за бришење.

Новата верзија исто така овозможува избор на висината на тастатурата, со што секој корисник ќе може да ја прилагоди точно на своите потреби, а исто така овозможено е и додавање на рамка околу копчињата која беше тргната со воведувањето на Holo темата.

Тастатурата може да се надгради преку Play Store, меѓутоа нема за сите да биде достапна веднаш, па може да се очекува во периодот што следи.

За понапредните корисници кои не сакаат да чекаат надградбата да стане достапна за сите, може да го симнат следниот apk фајл и самите да ја инсталираат.

Извор: ZDNet, TNW, Android Police

Претходна статијаSony развива контактна леќа која ќе може да снима видео само со трепкање на окото
Следна статијаТим Кук: „Пристигнуваат големи иновации во новиот iPhone“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.