Корисниците на Windows 10 кои дури сега би сакале да го надградат својот компјутер на Windows 11, ќе ја добијат најновата верзија од Windows 11 при инсталацијата.
Ова е нешто што би мислеле дека е стандардно и дека нема потреба да се истакне, но досега не беше тоа случајот. Microsoft на корисниците им ја пушташе претходната верзија од Windows 11, односно таа од 2022 година. Корисниците по инсталацијата на Windows 11 добиваа уште една надградба, па покрај процесот на надградба на Windows 10, тие мораа уште еднаш да го рестартираат нивниот компјутер.
Промената е направена преку серверите, односно ова не е нешто за кое корисниците треба да направат нешто.
Зошто Microsoft дури сега почна да ја нуди најновата верзија од Windows 11 не познато.
Windows 11 надградбата од минатата година го донесе Copilot за корисниците директно вграден во системот, а дел од истата беа и нова верзија од File Explorer, можност за контрола на RGB уреди, новиот Outlook, поддршка за „rar“ датотеки, како и нови верзии од Snipping Tool и Photos.
Windows 10 ќе престане да добива поддршка идната година, но оваа верзија од системот никако да изгуби на популарноста, дури работите одат во обратен правец.