Денеска е стандардниот таканаречен „Patch Tuesday“, последниот за оваа година, а со тоа и денеска корисниците ќе ги добијат последните новини кои можат да се очекуваат за оваа година.
За жал, начинот на надградба на Windows не е баш конзистентен изминатите години, па покрај промената од две на една поголема надградба, па повторно на повеќе годишни надградби со нови функции, не сите новини им се пуштени на сите корисници веднаш.
Со ова сакам да кажам дека новините кои треба да бидат пуштени, голем дел од корисниците може ќе ги добијат дури идната година, но без разлика, еве ја листата на новини која ја составија одличните дечки од Windows Central.
Последните нови функции за оваа година кои ќе ги добие Windows 11 вклучуваат:
- Подобрување на конзистентноста на корисничкиот интерфејс за пребарување кај Старт менито и посебниот дел за пребарување
- Можност за споделување на прозорот од конкретна апликација со Copilot директно од долната лента
- Можност за промена на наредната позадина доколку се користи Windows Spotlight позадината
- Можност за искучување на функција која овозможува брзо споделување на датотека со нејзино поставување на горната страна од екранот
- Подобрувања на темната тема кај File Exporer
- Промени кај информациите за уредот во Settings
- Прилагодувања за поврзаниот телефон преку Settings
- Редизајн на About страната во Settings
- Редизајн на лентата за „виџети“
Ова се дел од новините кои се очекуваат со денешната „вторничка“ надградба, па доколку сте корисник како мене, сигурно ќе проверите неколку пати во текот на денот за достапноста.










































