За разлика од претходните две години, оваа година се очекува дека Windows 10 ќе ја добие својата поголема надградба во есен, наместо во пролет. Microsoft обично пушташе две поголеми надградби во годината, но тоа темпо се намали, па втората за годината стана помала надградба.

Причината поради која оваа година се очекува поголемата надградба да биде во есен е најавата дека Windows 10 ќе добие доста повеќе новини, за разлика од претходните години, а се најавува освежување на изгледот и воведување на нови функции.

Како причина исто така се верува е и пуштањето на Windows 10X верзијата од Windows, која се очекува дека ќе стане достапна од оваа пролет.

Иако очекувањето дека првата, пролетната надградба на Windows 10 оваа година ќе биде помала, па со тоа и порано пуштена, сепак изгледа дека истата оваа година ќе стигне и месец дена подоцна.

Според објава на вработен во компанијата, на тотално друга тема, надградбата може да се очекува во јуни, наместо во мај, како што беше минатите две години.

Windows Latest преку gHacks

Ова ако испадне точно не треба да ги изненади корисниците поради тоа што надградбата за оваа пролет не донесува многу новини, па од Microsoft не ја ставаат како голем приоритет, а посебно поради пуштањето и на Windows 10X.

Се надеваме како и да е дека чекањето до есен ќе вреди, односно дека Windows 10 ќе добие конечно повеќе промени и новини, а посебно кај одредени застарени и запоставени делови од корисничкиот интерфејс.