OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Microsoft најави уште едно подобрување кое корисниците ќе го добијат со наредната поголема верзија од Windows 10, наречена Creators Update. Оваа верзија иако во главно наменета со новини за креативците, сепак има и доста промени во позадина од кои корист ќе имаат сите корисници.

Овие новини, како и обично, корисниците на Windows Insider програмата ќе почнат да ги гледаат порано, а останатите кога ќе излезе Creators Update наредната пролет.

Unified Update Platform (UUP), односно Унифицирана Платформа за Надградби е најновата промена за која говориме во оваа статија. Истата донесува промени во начинот на којшто работи системот за надградби на Windows 10, а се однесува за сите видови на уреди.

Главната промена која ќе направи разлика за корисниците е промената на начинот на којшто се инсталираат надградбите. Тоа отсега ќе биде како што е случајот со апликациите, односно ќе се симнува само делот којшто е потребен за надградба на системот, а фајловите кои се непроменети, нема повторно да се симнуваат.

Ова ќе придонесе за намалување на големината на надградбата, која што знаеме дека во Windows се мери во гигабајти. Намалувањето треба да биде до 35% истакнуваат од компанијата, што ќе придонесе до побрзо симнување на надградбата, покрај помало трошење на интернет лимитот на корисникот.

Покрај оваа промена, UUP ќе овозможи побрзо проверување за надградби, а посебно на мобилните уреди. Тоа ќе биде постигнато со проверка за надградби специјално за уредот, наместо за сите можни надградби, како и извршување на потребните процеси на серверот, наместо на уредот од корисникот.

Сето ова ќе придонесе за помала размена на информации при проверка за надградби, со што целиот процес ќе биде многу побрз. Иако се работи за минути, сепак, сите имаме забележано дека овој процес некогаш знае да биде неочекувано долг.

Трета предност која ќе биде дел од UUP е можноста корисниците на мобилните уреди ја инсталираат директно најновата надградба за нивниот уред, наместо како до сега да мораат да инсталираат неколку. Ова обично беше случајот доколку корисникот оставил да поминат неколку верзии пред да се одлучи за инсталирање на најновата надградба.

Дефинитивно се работи за мала и позадинска промена, но таква која ќе направи значително подобрување на корисничкото искуство на оперативниот систем.

Корисниците нема да имаат никаква промена во процесот, односно промените ќе бидат само позадински.

Извор: Microsoft

Претходна статијаMicrosoft престана да испорачува Windows 7 и 8.1 на производителите на компјутери
Следна статијаMovidius развива паметни безбедносни камери кои можат целосно да ја анализираат сцената
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.