Премиера на новата дистописка трилер серија Ана (2021) ве чека од 22 ноември на Pickbox NOW. Оваа италијанска научно-фантастична серија е снимена според истоимениот роман на Николо Аманити од 2015 година, а тој воедно е и режисер на серијата. Неговиот роман излезе пред 6 години, но дури неодамна стана многу популарен поради дистопиското дејство сместено во постапокалиптичен свет во кој живеат само деца, додека сите возрасни умираат од мистериозен вирус.
ПОСТАПОКАЛИПТИЧНА СИЦИЛИЈА
Приказната ја следи 13-годишната Ана (Џулија Драгото) која оди во потрага по својот помлад брат Астор на постапокалиптичната Сицилија, каде од вирусот три – четири години претходно умираат сите возрасни. Нејзината потрага се одвива меѓу изгорени полиња и таинствени шуми, урнати трговски центри и напуштени градови, во големите пусти пространства на Сицилија.
Снимањето се одвиваше низ Италија, а продуцентите истакнуваат дека “Ана“ може да се смета за современа бајка зашто е сместена во постапокалиптичната вселена во која од децата се бара да го обноват новиот свет.

КАКО ДА СЕ ЗАМИСЛИ ИДНИНАТА ПОСЛЕ АПОКАЛИПСАТА?
Откако го напиша романот, романописецот и режисер на серијата Амантити рече дека со години размислувал на оваа приказна, па би сакал да се сосредоточи на Ана како главна протагонистка за да зарони во оваа приказна за млада жена која се најде во нов, напуштен и запуштен свет. Како се соочува со тоа, како ја замислува иднината и како ги преминува границите на новиот и чуден начин на постоење?
Независно од очигледната аналогија која треба да се направи со моменталната пандемска состојба во која живееме, вредноста на “Ана“ лежи во односот меѓу возрасните и децата, особено денес кога живееме во време кога природниот преод од детство во возрасна личност е посложен од кога и да е претходно.
Интригантната, разиграна, а истовремено застрашувачка, нова дистописка серија “Ана“ ќе ги восхити сите гледачи и ќе ги држи приковани за екраните.
Премиерата на новата италијанска дистописка серија гледајте ја само на Pickbox NOW од 22 ноември.