Редизајнот на OneDrive кој Microsoft го најави во октомври минатата година, сега почнува да им станува достапен на корисниците. Се мисли на веб верзијата од сервисот, а истата постепено ќе биде пуштана се до крајот на месецот кога сите корисници ќе ја добијат.

Новиот дизајн на OneDrive е доволно голем, па веднаш се забележуваат разликите. Покрај корисничкиот интерфејс, сервисот добива и функционални промени, па корисниците можат да очекуваат побрза работа и повеќе интуитивна поставеност на елементите.

Дизајнот е направен во стилот на Windows 11, односно Fluent дизајнот од компанијата кој вклучува доста проѕирни делови и е доволно едноставен за лесно користење.

Што се однесува до функционалните промени, OneDrive додава неколку нови делови кои ја олеснуваат работата, односно пронаоѓањето на датотеките.

Првата е „People“ делот, кој овозможува поделба на датотеките според тоа кој корисник ги има споделено. Од Microsoft добро истакнуваат дека корисниците многу често паметат кој им има испратено датотека, но не и кое е името на истата, па на овој начин многу полесно ќе можат да го најдат тоа што го бараат.

OneDrive исто така добива и брз пристап до филтри, па во листата со датотеки многу полесно ќе може да се избере прикажување само на Word датотеки или тие од Excel, PowerPoint и слично.

Достапни се и повеќе други мали промени кои активните корисници на сервисот ќе ги забележат во тек на користењето.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаMicrosoft Edge добива поддршка за „екстензии“ на Android
Следна статијаNothing го најави претставувањето на нивниот трет телефон Nothing Phone (2a)
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.