Доколку сте корисник на Netflix веќе треба да ја имате добиено пораката од сервисот дека вашата месечна претплата се намалува. Не сме точно сигурни колкаво е намалувањето на останатите пакети, но на Premium e 2 евра. Тоа значи дека најскапиот пакет кој досега чинеше 12 евра, од 14ти февруари, па натака, ќе чини 10 евра месечно.
Додека чекаме кога од компанијата ќе почнат да наплатуваат за профилите кои не се од истото домаќинство, тие не изненадија со ваква одлука, која може и да е поврзана.
Друга причина за намалувањето, кое дојде во истиот ден, може да е поврзана со пуштањето на новиот стриминг сервис SkyShowtime кој има само еден пакет од 6 евра месечно, кој доколку се земе во промотивниот период ќе чини само 3 евра месечно, доста поевтино од Netflix.
Намалувањето на цените на Netflix не е само во нашата земја, а листата е прилично голема, па ги вклучува и Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија, Словенија, како и уште педесетина други земји во светот.
