Фото: Microsoft

Microsoft почна да ги известува своите корисници дека сликите кои ги чуваат на нивниот OneDrive сервис, а се додадени во посебен албум, ќе се бројат два пати посебно кон просторот од корисникот.

Тоа значи дека сликите ќе се бројат еднаш кога биле прикачени на OneDrive, но ќе се бројат втор пат тие кои се додадени во посебен албум.

Не е познато зошто од компанијата се имаат одлучено на вакво нешто, но очигледно е дел од промена на дел од практиките која започна оваа година со додавањето на прикачените датотеки од имејл пораките на Outlook.com сервисот кон просторот на OneDrive.

За корисниците кои плаќаат за OneDrive, ова не треба да претставува проблем, а посебно ако користат некој од пакетите со Microsoft 365, со што добиваат барем 1TB простор.

Според информациите, корисниците кои ќе го надминат својот ограничен простор на OneDrive поради овие промени за сликите, ќе добијат проширен простор во рок од една година. Идејата е да корисниците имаат време да ги организираат своите слики подобро, а не само наеднаш да им биде кажано дека веќе немаат простор.

Кризата која започна со короната, па сега со војната во Украина гледаме дека се одразува на сите аспекти од бизнисите. Во некои примери гледаме качување на цените, додека во некои гледаме вакви ограничувања на претходните карактеристики.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаGoogle Maps освежени со промена на боите на елементите на мапите
Следна статијаПријави тим на „Бизнис 3х3 Баскет“ и победи за твојата компанија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.