galaxy-s6-edge-exquisitely-crafted-desktop

Иако досега важеше дека iPhone-џиите се најверните корисници на паметните телефони, односно многу ретко се префрлаат на некој друг екосистем, според ново истражување на CIRP, последнава година корисниците на Android се поверни и многу поретко се одлучуваат за промени.

Разликата не е голема, односно, 82% од корисниците на Android остануваат на него, за разлика од 78% од корисниците на iOS. Сепак, ако се знае дека во минатото овие бројки беа многу различни, може да се извлече тренд да опаѓање на верната база на корисници на iPhone и iPad, и покрај големиот успех на новите модели на телефони на Apple.

Останатите екосистеми, како Blackberry и Windows Phone задржуваат само 4%, односно 19% од корисниците, што најверојатно се должи на тоа што имаат многу малку паметни телефони во понудата.

Интересна е и бројката на Android корисници кои се префрлаат на iPhone, која е само 16%, додека од iOS на Apple е 20%. Ова значи дека корисниците на екосистемот на Google, почесто се одлучуваат на некои други платформи доколку менуваат, отколку на iPhone.

Причината за падот на корисничката база на iPhone најверојатно се должи и на префрлањето на корисниците на други оператори и поголемата понуда на Android телефони кај нив. Секако, тука е и растот на продажбата на евтини телефони на пазарите во развој, каде 95% од понудата е Android и реално, купувачите едноставно немаат доволно средства за да си дозволат iPhone.

Интересно, според истото истражување, меѓу компаниите, Samsung има најверна база на корисници, пред Apple.

Извор: CNET, Mac Rumors

Претходна статијаAndroid 6.0 Marshmallow е официјалното име на најновата верзија на Android
Следна статијаSamsung лансираше нов моќен Android телефон со два екрани, на преклоп!