Светот денес е преплавен од iPhone смартфони, а голем процент од нив се случува да имаат скршен дисплеј, некое друго козметичко оштетување или пак да се расипат. Затоа, може да се случи кога ќе дојде време за поправка да чекате подолго од вообичаеното, нормално ако сакате да го направите со оригинални делови во официјален сервис.
Сега, поправките ќе бидат достапни и во други сервиси, надвор од оние сертифицираните на Apple.
Имено, Apple планира да инсталира 400 “Horizon” машини за поправка во преку 25 земји во светот, нешто што досега беше наменето само за сертифицираните сервиси. Ова значи дека корисниците ќе можат многу побрзо да го направат својот смартфон, но и да имаат сервис кој е поблизу до нив, бидејќи Apple официјалните продавници и ги нема во преголем број.
Навистина голема вест за оние на кои често им се лизга телефонот од рака.
Но, зошто би чекале на ваква машина? Поради Touch ID читачот за отпечатоци, кој скоро е невозможно да се промени без да биде прочитан и „отклучен“ од Horizon машината.
Поточно, доколку тој се скрши, скоро сигурно ќе мора да одите во сертифициран сервис или пак некој сервис кој ја има оваа машина за да го промените, бидејќи скоро никој друг нема да може да го активира новиот читач за отпечатоци.
Кај нас не очекувајте ваков сервис во брзо време – може да помине подолг период пред и ние да добиеме таква машина, а да бидеме реални и македонскиот купувач секогаш бара поевтина, макар и неоригинална замена на скршениот или расипаниот дел.
Извор: Engadget, Reuters, 9 to 5 Mac