lumiaphotos_4-100245858-large

Новиот оперативен на Microsoft, кој ќе биде првиот во светот што ќе се користи на телефони, таблети, компјутери, па дури и паметни телевизори и играчката конзола XboX, се очекува да пристигне летово, а ние ги имаме информациите за првиот паметен телефон кој ќе биде лансиран токму со овој оперативен систем.

Windows 10 особено треба да донесе значителни подобрувања во телефонската верзија, со целосно нови вградени апликации, подобрен изглед на почетниот екран и нов кернел, кој е всушност истиот со оној на верзијата на компјутерите, што значи дека ќе го користат истиот пазар за апликации.

Интересно, иако оперативниот систем е најавен за летото, најновите информации велат дека Lumia телефонот кој уште во старт ќе доаѓа со Windows 10 ќе биде претставен на Build конференцијата оваа недела, каде Microsoft веќе стандардно ги претставува новитетите во софтверот и сервисите, а по преземањето на Nokia, односно почетокот на производството на Surface таблетите и во хардверот.

Телефонот веројатно ќе биде наследник на Lumia 1520, со екран со големина од 5,7 инчи во дијагонала и Full HD резолуција од 1920х1080 пиксели. Интересно, екранот е помал од тој на актуелниот модел, но тоа е веројатно направено со цел да се подобри користењето на телефонот со една рака. Наша претпоставка е дека чипестот ќе биде Snapdragon 810, но нема да биде чудно и ако се вградува Snapdragon 615 и да се работи за телефон од средната класа.

Претходно, имаше најави дека со лансирањето на Windows 10, Microsoft ќе претстави модел со многу хардверски новитети, како 3D камери кои го следат прстот и кои ќе овозможат интеракција со оперативниот систем додека прстот е се уште во воздухот, но според новите информации, тоа е многу малку веројатно.

Има и шанси новиот модел во почеток да биде наменет само за дивелоперите на апликации и да има инсталиран Windows 10 Technical Preview на него, а поради тоа што финалната верзија и натаму не е готова. Како и да е, Microsoft си сигурност ќе биде на насловните наредните неколку месеци.

Извор: PCWorld

Претходна статијаASUS Nexus 7 престанува да се продава
Следна статијаNokia ги демантира гласините за враќање во бизнисот со телефони