Една од најголемите предности на Apple екосистемот е што е составен од мал број на различни уреди, па од компанијата можат да скоро гарантираат одлично функционирање и комбинација на уредите.

Ова до некаде важи и кај Android, посебно доколку се работи за користење на повеќе уреди од истиот производител, но кај овој екосистем работите се малку посложени. Корисниците не ретко се префрлуваат од еден на друг Android производител, па ова префрлување би можело да биде нешто полесно од што е.

Со ваква цел се здружија Oppo, Vivo и Xiaomi, на корисниците кои се префрлуваат помеѓу овие брендови, да им овозможат многу полесно корисничко искуство.

Ова подразбира можност за префрлување на сите податоци од еден на друг уред, наместо само системските, како контактите, сликите и слично. Корисниците ќе можат да ги префрлат и податоците од апликациите од трети страни, што би значело многу побрзо започнување со работа на другиот уред.

Пример за ова би било автоматско префрлување на разговорите од апликациите, како и автоматското најавување на веќе најавените сервиси, нешто што не е возможно доколку не се префрлат сите податоци од претходниот уред.

Ова здружување на Oppo, Vivo и Xiaomi сепак можеме да го земеме само како позитивен пример кој се надеваме дека ќе почнат да го следат Google и останатите. Овие кинески компании соработката ја имаат направено за нивните кинески корисници, односно не за сите во светот.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаНа 4 мај започнува 35. Меѓународен Саем на книгата
Следна статијаInstagram овозможи зачувување на објави заедно со пријателите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.