Неофицијалните извори го најавуваат претставувањето на Pixel Fold, првиот уред на преклоп од Google, за 10 мај, односно во рамките на Google I/O конференцијата. Почетокот на продажба треба да биде во јуни, кога и официјално Google влегува во конкуренција со Samsung, па и другите производители на пазарот на уреди кои се преклопуваат.

CNBC со посебна објава истакнува дека имаат добиено пристап до документи во компанијата од кои се потврдува датата на најава на уредот, како и почетокот на продажбата.

Од медиумот исто така ја истакнуваат и цената на Pixel Fold, па тој би требало да се продава по цена од 1700 долари, нешто пониска од претходно најавената од 1799 долари, но сепак во рамките на главниот конкурент Samsung, а посебно во САД.

Тоа што може да се заклучи од информациите кои се во документите е дека Google ќе понуди на пазарот нешто поразличен уред, односно уред кој ќе му конкурира на Galaxy Z Fold доста силно.

Од компанијата го нарекуваат механизмот за преклопување како најиздржливиот на ваков вид на уреди, нешто што е секако важно кај уредите кои секојдневно се отвораат и затвораат повеќе пати.

Друга разлика која се очекува во споредба е големината на надворешниот екран, Pixel Fold треба наводно да биде повеќе пријатен за носење во џебот со 5,8 инчен надворешен екран, односно 7,6 инчен внатрешен.

Ова треба да овозможи и нешто поразличен формат при користењето, а посебно додека уредот е затворен и се користи како смартфон.

Тежината на Pixel Fold исто така се најавува како нешто поголема од главниот конкурент, но тоа наводно ќе биде на сметка на поголема батерија која ќе овозможи уредот да може да функционира цел ден без потреба од полнење.

Pixel Fold стои и дека ќе биде отпорен на вода, па ќе видиме до кој степен би било тоа, зошто сепак се работи за уред на преклоп, па отпорноста на вода не е баш иста како кај „обичните“ смартфони.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2CNBC
Претходна статијаSamsung ја започна промената од Samsung Free во Samsung News за ограничен број на уреди во САД
Следна статијаwatchOS 10 треба да ја донесе најголемата надградба на системот од неговото претставување
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.