ipad-pro-schematics-630x515

Успехот на Surface серијата на таблети, односно лаптопи на Microsoft, ги натера Apple да почнат повторно да размислуваат надвор од конвенционалното. Имено, тие планираат да лансираат нов iPad таблет, кој ќе има многу поголем екран, помоќен процесор и тастатура, а ќе биде наменет за професионалците.

Таблетот ќе има екран со големина на дијагоналата од 12,9 инчи, што го става директно во територијата на Ultrabook компјутерите со големина од 13,3 инчи. За високите перформанси задолжен ќе биде целосно нов чип од „А“ серијата на Apple, кој е изработен врз ARM архитектурата. Се очекува и меморијата да биде покачена на 3 GB RAM, додека ќе се понудат неколку верзии со различни опции за простор за складирање, веројатно почнувајќи од 32 GB.

Секако, таблетот ќе доаѓа со iOS оперативниот систем, но се очекуваат неколку подобрувања, како на пример можноста да се работи на две апликации одеднаш, поставени една до друга, исто како што може Surface серијата на Microsoft. Се уште не е јасно дали ќе бидат направени подобрувања и во насока на користење на маус и тастатура, што би било корисно за подолго работење, но ова е малку очекувано.

ipad-pro-case-leak-630x423

Исто така, нема ни целосни информации за тоа дали со таблетот ќе доаѓа “stylus” пенкалце, кое го имаат сите конкуренти со “Pro” во името. Сепак, екранот ќе ја има новата технологија Force Touch, која веќе се вградува во лаптопите на компанијата и со која дисплејот ќе може да „излаже“ дека е кликнат кога ќе го допрете. Со сигурност се знае и дека таблетот ќе има четири звучници – два напред и два назад и преку нив ќе може да се продуцира стерео звук – одлично за оние кои често гледаат филмови или слушаат музика на својот таблет.

Како и супер лесниот лаптоп MacBook и iPad Pro најверојатно ќе има USB Type C порта за поврзување, односно полнење на батеријата. Кога сме кај батеријата, бидејќи се работи пред се за мобилен чип, се очекува траење над 12 часа со едно полнење, што е одлична бројка.

Најдобриот таблет на Apple нема да биде претставен набрзо и се очекува тоа да се случи некаде во Септември, односно Октомври.

Извор: Techno Buffalo

Претходна статијаFacebook почна да ги користи HERE мапите во некои од нивните мобилни апликации
Следна статијаMicrosoft работи на нова платформа за попаметно и посигурно роботизирање