Ако не се случи фијаско како со батериите на Galaxy Note 7 (а скоро сигурно нема да се случи, бидејќи Samsung веќе ја научи лекцијата), бидете сигурни дека смартфонот кој го гледате на овие фотографии ќе биде бестселер на пазарот.

Првите фотографии од Galaxy Note 8 (мора да кажам, веројатно сликани со телефон со камера од 0,3 мегапиксели), покажуваат супер модерен дизајн, кој потсетува на Galaxy S8 и S8+, но делува малку посериозно (кхм, побизнис) бидејќи е помалку заоблен во аглите.

Од она што ќе може да понуди Note 8 веќе ги знаеме скоро сите работи – процесорот ќе биде Snapdragon 835 или Exynos 8895, помогнати од 4 GB рам и 64 GB простор, камерата позади ќе биде двојна, за прв пат кај Samsung смартфон, рамката околу дисплејот напред ќе биде малку помала од онаа на Galaxy S8+, додека самиот екран ќе има големина од 6,3 инчи, а во телото на телефонот ќе има место и за дигитално пенкалце – Samsung тука не се откажува од традицијата. Note 8 ќе биде понуден и во дури 8 бои, што е одлична одлука од страна на Samsung.

Исто така, според нови информации, дисплејот на Note 8 ќе биде осетлив на притисок, исто како кај iPhone смартфоните. Да и Galaxy S8 и S8+ имаат дел кој е осетлив на притисок, но тука тоа ќе биде целиот телефон, а не само долниот дел кај Home копчето.

Сето ова е супер, но по се изгледа читачот за отпечатоци повторно ќе биде вграден до камерата, а не под неа, што е прилично лошо позиционирање за толку голем смартфон.

Извор: TechnoBuffalo, Mashable, NDTV

Претходна статијаЗа првпат во Македонија, работа по струка во САД
Следна статијаLG најави претставување на V30 за 31 септември, промовира супер квалитетна камера