Една година по претставувањето на MIX Fold 2, Xiaomi го претстави и третото продолжение од нивниот уред на преклоп. Претставен таман на време да конкурира со Galaxy Z Fold5, но сепак прашање е дали ќе ја добие таа шанса, па засега се планира достапност само во Кина.

Xiaomi со MIX Fold 3 повторно го има еден од потенките вакви уреди, па доколку се направи споредба со Galaxy Z Fold5, корисниците навистина добиваат помал избор кој вреди со недостапноста на овој уред во целиот свет.

Екранот кај MIX Fold 3 е со големина од 8,025 инчи, додека надворешниот екран е со големина од 6,56 инчи. Резолуцијата на екраните изнесува 2.160 на 1.916 кај екранот кој се превиткува, односно 2.520 на 1.080 кај надворешниот екран.

Двата екраните се направени со OLED технологија и имаат стапка на освежување од 120 херци, додека само кај поголемиот екран истата е со LPTO технологијата.

Дебелината на уредот кога е отворен е 5,26 милиметри, а кога е затворен 10,96 милиметри. Во споредба, Galaxy Z Fold5 има дебелина од 6,1 милиметар кога е затворен и 13,4 кога е отворен.

Што се однесува до форматот, за разлика од некои од конкурентите, Xiaomi сепак оди со посличен формат како Samsung, односно корисниците добиваат прилично „висок“ уред кога се користи како мобилен, нешто што сепак чекаме да биде исправено во иднина.

MIX Fold 3 работи на Snapdragon 8 Gen 2, кој е исто така посилен од стандардната верзија, па го имаме одговорот дали и други производители би ја добиле „Made for Galaxy“ верзијата.

Меморијата со која доаѓа уредот е 16GB RAM, како и до 1TB простор за податоци. Батеријата е со капацитет од 4.800 mAh и може да се полни со брз полнач од 67W.

Како главни достапни се четири камери со 50, 12, 10 и 10 мегапиксели, а ја носат и ознаката на Leica, стандардно за Xiaomi. Селфи камерите е со сензор од 20 мегапиксели и ги има две.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаNetflix започна со тестирање на достапност на игри преку телевизорите и компјутерите
Следна статијаЗа 10 годишнината на апликацијата, Telegram Stories станаа достапни за сите корисници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.