Фото: Shutterstock.com

Почнувајќи од идниот месец, односно од октомври, Microsoft планира да започне со автоматска инсталација на нивната Microsoft 365 Copilot апликација кај корисниците на Windows кои ги имаат инсталирано десктоп апликациите како Word, Excel и PowerPoint. 

Овој процес ќе може да биде спречен преку Admin центарот од Microsoft 365 сметката за бизнис корисниците, додека за приватните корисници нема да има начин, па тие ќе мора по инсталацијата да ја тргнат апликацијата ако сакаат. 

Ова е карактеристичен начин на функционирање на Microsoft, а посебно по појавата на алатките со генеративна вештачка интелигенција. Тие беа меѓу првите кои започнаа со додавање на ВИ во сите можни производи, па без разлика дали ги сметаме нив за корисни или не, корисниците скоро воопшто немаат избор дали сакаат да ги имаат. 

Повеќето корисници кои користат ВИ алатка, како што е најпознатата ChatGPT, веќе ги имаат инсталирано потребните апликации, па автоматската инсталација само додава непотребни работи на компјутерот. 

ИЗВОРTom's Hardware
ИЗВОР 2Bleeping Computer
Претходна статијаТрчањето како нов јазик на урбаното живеење
Следна статијаНовите KFC NUGGETS од 100% чисто пилешко месо – Новата ѕвезда на менито
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.