Фото: X

X започна со официјално пуштање за сите корисници на нивната Chat функција, која претставува шифрирана верзија од директни пораки кои одамна се достапни на мрежата. 

Корисниците и досега имаа пристап до Chat, но во посебен дел, па сега сите разговори стануваат шифрирани и достапни преку стандардните директни пораки. 

За да се активира Chat, односно системот за шифрирани пораки, корисниците треба да притиснат на трите точки на левата лента на веб или на сликата од профилот на мобилната апликација, па на Chat. За почеток разговорите се достапни преку iOS и веб, а наскоро ќе бидат достапни и преку Android.

При првата регистрација од корисниците ќе биде побарано да ја активираат оваа функција, по што ќе треба да постават и пин код за добивање на пристап до шифрираните разговори на другите уреди кои ги поседуваат. 

Со пуштањето на оваа функција сите разговори преку X стануваат од-крај-до-крај шифрирани, па никој, дури ни X не би требало да имаат пристап до разговорите. 

Од компанијата истакнуваат дека сепак тие имаат пристап до мета податоците од разговорите, односно кога е испратена пораката, до кого е испратена и слично. 

Некои портали пренесуваат дека во документот за поддршка се истакнува дека шифрираните разговори во X не се заштитени од „човек во средина“ напади, што значи дека сепак некој може да добие пристап до нив, но овој дел го нема во моменталната верзија од документот. 

Воведувањето на шифрирани разговори на X започна пред неколку години, по што беше одложено за исправка на одредени проблеми, па сега конечно започнува официјалното пуштање за сите.