Apple брзо успеа да добие одложување на забраната за продажба на нивните два најнови модели на паметни часовници минатата година, но сепак од компанијата не успеаја да го продолжат ова одложување.

Тоа значи дека од денес Apple повторно не можат да ги продаваат Watch Series 9 и Watch Ultra 2, но од компанијата сепак не беа спремни тоа да се оствари, па часовниците ќе ги продаваат без спорната функција за мерење на кислородот во крвта.

Од компанијата секако имаат добиено дозвола за ова нивно „решение“ на проблемот, па почнувајќи од денес американските корисници кои ќе ги купат овие часовници, нема да можат да го мерат кислородот во крвта. Апликацијата ќе биде и понатаму достапна, но нема да можат да ја користат.

Исто како од почетокот на проблемите за Apple, забраната важи само во САД, што значи од компанијата можат да продолжат да ги продаваат часовниците со спорната функција во остатокот од светот.

Корисниците во САД кои веќе ги имаат купено овие часовници, исто така ќе можат да ја користат функцијата.

Apple првпат добија забрана за продажба од 26 декември минатата година кога нивната последна шанса, вето од претседателот Бајден, не беше остварена, по што веднаш поднесоа жалба до соодветниот суд.

Оваа жалба се’ уште е во процес на одлука, а до тогаш ќе остане забраната за продажба, која сепак е „решена“ со тргање на функцијата за мерење на кислородот.

Како што е познато, компанијата Masimo тврди дека Apple користи технологија патентирана од нивна страна, а исто така од компанијата тврдат дека Apple има ангажирано нивни поранешни вработени.

Од досегашните одлуки на ITC и судовите, изгледа дека Masimo се во право, па ќе видиме како ќе биде решен овој проблем до претставувањето на наредната генерација од часовниците, посебно што оваа година се очекува и јубилејна верзија.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаGalaxy S24 Ultra создава нови стандарди за издржливост и визуелна јасност на екраните со Gorilla® Armor на Corning®
Следна статијаSamsung и Google Cloud претставија генеративна вештачка интелигенција во серијата Samsung Galaxy S24
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.