battery-case-black

Футроли со батерии за сите популарни телефони има од буквално десетици различни производители, меѓу кои секако и за најпопуларниот, неговото височество, iPhone. Сепак, сите кои сакаат Apple лого на футролата, сега ќе можат да си купат оригинална футрола со батерија, но за двојно повисока цена.

Сепак, првото нешто што паѓа во очи е дизајнот. Како можеше Apple да си дозволи ваква футрола, со делот со батеријата кој е видливо испакнат е навистина нејасно. Сите други футроли за iPhone 6S се дефинитивно поелегантни, без некоја посебна испакнатина. Навистина, можеле да стават поголема батерија (оваа има капацитет од само 1877 mAh) што ќе ја направи целата футрола подеднакво дебела…

MGQM2_AV4.0

Но, да се навратиме на функционалноста. Тука, батеријата на Apple секако дека е пред конкуренцијата. Како прво, има Lightning порта, што значи дека може да се полни со стандардниот полнач за Вашиот iPhone, заедно со телефонот. Во превод, футролата веќе нема да мора никогаш да ја извадите, се додека не Ви пречи испакнатината. И како второ, на дисплејот на телефонот можете детално да видите која батерија, колку е полна, што е одлично – кај конкурентите има посебни LED диоди, надвор на футролата.

Надворешната батерија би требало да овозможи скоро двојно повеќе траење на телефонот, но Apple сака секогаш тоа да го претстави на малку поразличен начин – интернет користење на LTE мрежа до 18 часа и гледање видео до 20 часа. Сепак, скоро сите футроли од останатите производители имаат драматично поголеми батерии – околу 3000 mAh, што може да овозможи уште подолго траење и тоа без испакнатината.

Capture

Засега, Apple нуди Smart Battery само за iPhone 6 и iPhone 6S и нема никаква информација дали во иднина ќе има и за поголемите Plus модели, што е малку веројатно, бидејќи коринисиците на тие модели се задоволни од траењето на батеријата, за разлика од оние на помалите телефони.

И на крај не може, а да не се даде негативен коментар за цената – 99 долари се многу за еден ваков производ, особено ако се знае дека останатите вакви футроли чинат двојно помалку, а нудат многу повеќе капацитет на батеријата. Затоа и покрај тоа што имате iPhone 6S и сте сигурни дека Apple секогаш го има најдобриот продукт за Вас, информирајте се и заштедете.

Извор: The Verge, TechCrunch, Apple

Претходна статијаApple Maps се користат 3 пати повеќе од Google Maps на iOS?
Следна статијаУтре се одржува Макпетрол Dell – Enterprise solutions showcase event 2015