witti_beddi_2015_10_20_4_1_converted

Како би сакале да имате паметен будилник кој навистина ќе биде паметен наместо „паметен“? Сега конечно ќе можете да си нарачате еден, а неговото име е Beddi.

Се работи за будилник кој се поврзува со вашиот телефон и може буквално да прави чуда. На него постојат неколку копчиња кои можете да ги испрограмирате да прават што ќе посакате, од стишување на амбиенталното светло, до пуштање специјална листа на песни, до зготвување кафе… Betti има два звучника кои ги користи за сервирање на песни, на пример од Spotify листа.

Звучниците ги користи и ако сакате да ви помогне да заспиете преку сервирање на т.н. бел шум или комбинација од природни звуци како дожд, ветер и други амбиентални звуци. Beddi може и да биде испрограмиран да ги прави овие работи во точно одредено време. Навечер ги гасне светлата и ви помага да спиете, а наутро ве осветлува со меко светло налик сончева светлост 5 минути пред да почне да свири алармот за да ве расони и полесно да станете.

Вистинската „паметност“ на Beddi се остварува во тоа што го прави наутро од кога ќе се разбудите. Имено, овој будилник е интегриран со Google Maps, па ја чита патеката по која се движите до работа. Од таму, ви ги покажува временските услови на патот (и ви ги чита на глас), па дури и пресметува и ве известува кога треба да излезете од дома за да стигнете на време на работа! Плус можете да го наместите автоматски да ви повика Uber до каде и да одите!

Алармот наутро не мора да е ѕврцкало туку може да биде специјална Spotify листа на песни, а може да се врзе со паметни уреди, како варачи на кафе, и да им нареди да ве чека спремно само штом ќе станете.

Неверојатно добро? И ние мислиме така, а ако сакате еден Beddi за само 75 долари нарачајте си на Kickstarter кампањата. Betti навистина изгледа како најпаметниот начин да се разбудите.

Извор: Engadget, PhoneArena

Претходна статијаNASA ја одобри ракетата која ќе ги однесе астронаутите на Марс
Следна статијаMicrosoft лансира поевтин Surface Book со посебна графичка