Наредната генерација од Galaxy S Tab серијата се очекува да биде претставена ова лето на настанот на кој ќе бидат претставени Galaxy Z Fold5 и Galaxy Z Flip5. Поголеми промени се очекуваат кај уредите на преклоп, па изгледа настанот ќе биде во знакот на овие уреди.

Сега за првпат излегува неофицијална најава дека на овој настан ќе биде претставен и првиот таблет компјутер на преклоп од компанијата. Името кое се најавува е Galaxy Z Tab, што има логика, но ќе видиме кое навистина ќе се користи доколку биде претставен ваков уред.

Дополнителни информации за жал нема, но сепак воопшто најавата за еден ваков уред е доволно голема.

Ова е посебно важна најава и поради тоа што Samsung би биле први на пазарот со ваков уред, а најави има дека и Apple конечно ќе претстави уред на преклоп, но наместо iPhone, тоа се очекува дека ќе биде iPad.

Samsung неколку пати досега ни покажува на какви екрани работат во компанијата, па веруваме дека тие се подготвени за да видиме и таблет на преклоп.

Претходно можевме да прочитаме дека Samsung се има откажано од претставување на Galaxy S FE модел на сметка на нов уред на преклоп, па таблет компјутерот на преклоп може да е уредот за кој се говори.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаNetflix најави анимирана Stranger Things серија
Следна статијаНови дигитални навики и јазик: Од бебе мајмун до дигитален номад
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.