Фото: Shutterstock.com

По откажувањето на никогаш потврдениот развој на Apple електричен автомобил, Марк Гурман во април оваа година најави дека од компанијата енергијата од овој проект ќе ја насочат кон „роботи“ за домаќинствата. 

Тој овие производи ги нарече дека ќе бидат „наредната голема работа“ од Apple, а најави неколку видови на роботи кои наводно ќе бидат развиени во годините што следат. 

Во неговиот најнов неделен билтен, покрај за неговото незадоволство од Apple Intelligence, тој повторно пишува и за претходно започнатата тема. 

Според него, во наредните неколку години Apple ќе претстави „роботски iPad за на маса“, како што тој го нарекува, односно уред кој ќе биде наменет да се контролира целосно со гласовни команди. Со оглед на развојот на вештачката интелигенција, ваквите уреди сега имаат можност да бидат навистина корисни. 

„Роботскиот“ дел од овој уред би бил тука за да го движи iPad-от, односно да може да го насочува кон корисникот и со тоа секогаш да е свртен кон тој што ги дава командите. 

Гурман најавува дека овој уред би се продавал по цена од околу 1000 долари, но не е сигурен дека ќе помине подобро од Vision Pro уредот од Apple, односно не очекува дека ова е нешто што корисници масовно ќе го купуваат. 

Слични производи веќе има на пазарот, па овој од Apple би требало да биде на наредно ниво, односно доста подобар, па можеби ќе отвори нов пазар за корисниците. 

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаМакедонски Телеком го доби престижниот сертификат Employer Partner
Следна статијаGoogle ја прекинува програмата за награди за откривање на пропусти кај апликациите во Play Store
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.