Фото: fpt.

Познатиот Џон Просер, кој оваа година поретко објавува видеа, најверојатно поради тужбата која Apple ја има против него за објавата на iOS 26, конечно излезе со ново видео. 

Во новото видео тој го прикажува iPhone Fold, уред за кој веќе е скоро сигурно дека ќе биде претставен идната година, заедно со iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max. 

Просер ги потврдува досегашните информации дека Apple ќе го подели претставувањето на нивните телефони, па во септември ќе останат Pro моделите, додека „основните“ модели и „е“ верзијата ќе бидат претставувани во првата четвртина од следната година. 

Инаку, во новото видео од Просер не може да се види ништо ново, односно изгледот на iPhone Fold е направен врз основа на сите досегашни информации, па може да се каже дека со ова видео тој ги потврдува. 

Се истакнува дека линијата која се појавува на местото на превиткување на екранот е решена, со користење на посебни материјали, а Просер ги потврдува и информациите за „широкиот“ формат на уредот кога е отворен. 

iPhone Fold исто така ќе ја врати Touch ID функцијата, Apple изгледа нема успеано сите сензори да ги направи да можат да функционираат под екранот, а најважната информација е таа за батеријата. 

Просер се приклучува на најавите дека Apple конечно ќе почне да ги користи батериите со поголема густина, засега користени само од страна кинеските производители, па тенкиот iPhone Fold нема да има проблем со овој дел. 

Видеото од Просер можете да го погледнете во продолжение.