Камерата Seek Thermal нуди џебно термалното скенирање, технологија која пред се’ се користи за пребарување на сомнителен багаж на гранични пунктови и слични поставки, сега може да се купи доста ефтино и да се користи за домашна забава. Конзумеризмот разви една интересна практика за купување на непрактични уреди што пак во денешно време можат да се поврзат со секој уред и така да се најде некоја сосема нова примена.
Вообичаено овие големи скенери би чинеле илјадници евра, меѓутоа компанија од Калифорнија сака да го продаде својот релативно евтин производ како додаток за паметни телефони кои работат како на iOS така и на Android. Со овој уред всушност ќе се подобри видливоста на објекти во мрачна средина со детектирање на инфрацрвената радијација.
Нормалните камери користат светлина за да формираат фотографии, додека термалните со своите посебни леќи и сензори го прават спротивното и ја бележат радијацијата што ја испуштаат одредени објекти. Како што велат од компанијата, една од логичните и примарни употреби е во областа на обезбедувањето, односно сите тие гломазни скенери да се спакуваат во еден мал додаток кој ќе им помогне на овластени лица подобро да најдат нешто ако некој се обиде да го сокрие. Со други зборови планот на компанијата е да го лиценцира својот производ и да го продава на специјализирани хардверски компании кои би ја користеле камерата за одредени потреби.
Секако Seek Thermal може да има и примени и во обични ситуации, што е пак другата цел на компанијата. Од таму сакаат да видат како обичните корисници би ја користеле оваа технологија. Компанијата Seek Thermal на чело со Bill Parrish и Tim Fitzgibbons кои веќе имаат обезбедно 30 милиони долари од неименувани инвеститори ќе го продава својот производ по прифатлива цена од 200 долари, а ќе може да се купи преку нивната веб-страница и Amazon.
Извор: Geek, Thermal Seek