1435721219

Веројатно сите луѓе кои се загрижени за своето здравје превземаат постапки и активности со кои сакаат да го подобрат или оддржуваат во добра форма. Дури и кај нас во последните години редовното вежбање и трчање зеде замав. Почесто е поради следење на трендови и себеприкажување на другите дека започнал човекот да вежба (по што често се откажува наскоро кога ќе дојде „тешкото“), а помалку се оние кои имаат спортски активности за вистински да постигнат резултати и да го оддржуваат здравјето. Како и да е, трендот на вежбање ги тера и едните и другите да вежбаат, што е за поздравување.

Ако сакаме да спортуваме правилно треба да се едуцираме и да ги следиме нашите резултати. Тоа можеме да го правиме на старомодниот начин, преку мерење истрчана должина на одредено време, колку серии од кои вежби биле направени… Или пак преку ново-стариот начин користејќи ги сензорите на преносните уреди (како тој за движење на телефонот, на пример) за да мериме колку чекори сме направиле во денот, каква е загаденоста на воздухот, колку сме истрчале и со која брзина…

Последното значително помага кон попрецизно мерење на перформансите, но за тие кои сакаат подетално да следат не им овозможува доволно информации. За среќа, модерниот технолошки развиток овозможува да се појават на пазарот компании кои можат да создадат понапредни и попрецизни уреди кои можат во детали да ви укажат на тоа што правите, каде грешите и што треба да направите за да го поправите.

Овој пат пишуваме за Oaxis, сингапуршка млада компанија која има еден збир на производи кои се наменети за следење на вашето здравје, физичка состојба и кондиција и активности низ денот. Oaxis нуди повеќе типови на уреди.

https://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=gGRYlZxNm6Y

Првиот уред е O2 Fitness Band, чија намена е следење на вашите спортски активности и информациите околу брзината на чукање на срцето во реално време, бројот на направени чекори и количеството на согорени калории. Се работи за уред сместен во лента со сензори кој го сместувате на раката и кој со двоен допир со прстот го активирате да следи. На него постојат и специјални канали за струење на воздухот за да се минимизира загревањето на раката таму каде што го носите и потењето.

5368-8c33470cb92e92a20c101e772cf88b07

Вториот уред е Star.21 кој што го носите преку целиот ден и следи различен тип на информации, а воедно има и малку поразлична намена. Тој следи колку чекори правите во денот, колку време спиете, колку калории сте потрошиле за сите активности (вклучувајќи го и спиењето), ве известува кога ви е времето за спиење за да трнете кон легнување, има паметен аларм кој ги следи соновните циклуси и ве буди во идеалниот момент за да не се чувствувате изморено, и плус го игрифицира целото постигнување на разните цели во неговиот домен со поени и достигнувања.

Третиот уред е Glo, паметна скала која може да препознае кој стои на нејзе, да го измери индексот на телесна маса, базичниот метаболизам, масата на коските, процентот на телесни маснотии, биолошка возраст, и количеството на вода во организмот. Не треба да се каже дека ваквите информации можат да ви помогнат значително при планирањето на вашите спортски и прехранбени активности.

1435721910

Четвртиот уред е наречен Vitasmart Bluetooth Water Bottle, и се работи за паметно шише кое знае да ви покаже кога точно треба да испиете колку точно количество вода за да бидете оптимално напиени во текот на денот.

Сите погоренаведени уреди се синхронизираат со мобилната апликација за напредно и детално следење на вашата здравствена состојба, спортска кондиција и целите кои сакате да ги постигнете на ова поле.

Oaxis нудат и два уреди кои немаат врска со здравјето. Имено, се работи за покривката за iPhone наречена InkCase i6 која ви овозможува уште еден екран со е-мастило од другата страна на вашиот iPhone, каде што прикажува информации без да мора да го одклучите телефонот за да ги видите. Дополнително, тие го нудат и Bento, уред кој преку електромагнетното зрачење кое доаѓа од звучникот на вашиот телефон ги фаќа звучните бранови и ги појачува и пушта во 360 степени околу него.

Навистина интересна компанија со одлични уреди во својата понуда, па ќе продолжиме да ја следиме за да видиме што ќе создаде ново.

Извор: Engadget, Wearable, Pozible

Претходна статијаПретставен првиот македонски веб-сервис за онлајн букинг на туристички понуди
Следна статијаNew Horizons успешно пролета крај Плутон, праќајќи феноменална фотографија од него