OnePlus ќе влезат на пазарот на уреди на преклоп, а тоа е веќе потврдено од страна на компанијата. Останува само уште да го видиме претставувањето за кое нема официјална најава, но се очекува дека ќе биде при крајот на идниот месец.

Од компанијата сега го најавија името на нивниот уред, за кој досега се мислеше дека ќе биде наречен OnePlus Fold или нешто слично, но името сепак ќе биде OnePlus Open.

Објавата на името, освен ако не испадне да се работи за нешто друго, OnePlus ја направи преку X на денот на претставувањето на наредната генерација од Galaxy Z Fold серијата.

Во објавата дури се споменува овој нивни конкурент, па тие истакнуваат дека „Ние отвораме додека другите преклопуваат“.

За OnePlus Open се очекува дека ќе биде сериозен конкурент на Galaxy Z Fold5, а од компанијата може да се каже дека веќе имаат искуство со вакви уреди од Oppo, компанија која е со ист сопственик, а OnePlus стана и официјално дел од овој бренд.

Карактеристиките на OnePlus Open треба да бидат од највисоката класа, а ако цената биде карактеристична за компанијата, односно пониска од конкурентите, уредот може да направи добар влез на пазарот.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаTwitter полека ги менува апликациите и страните со новиот бренд
Следна статијаWhatsApp доби можност за испраќање на инстант видео пораки со должина до 60 секунди
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.