Скопје, 23 јануари 2026 година – Како што рекол поетот, перото е помоќно и од мечот, а кога станува збор за „S Pen“ пенкалото на Galaxy S25 Ultra или Galaxy Tab S11, тоа дефинитивно е и попаметно.
„S Pen“ пенкалото, достапно за овие модели, нуди многу повеќе од обично пишување. Може да служи како далечински управувач за презентации, бленда на камерата, па дури и личен преведувач благодарение на функциите со вештачка интелигенција.
Користете го за резимирање или за преглед на текст, или за функцијата „Заокружи за Пребарување“ (Circle to Search) кога сакате инстант одговори без пишување. А пак при уредување на фотографии, „S Pen“ овозможува прецизно да го заокружите и отстраните она што не сакате да го има на фотографијата, без да се мачите со прстите.

Во комбинација со апликацијата „PenUp“, подеднакво ги поттикнува креативноста и фокусот. Станува збор за креативна платформа дизајнирана да ги оживее вашите идеи со помош на „S Pen“ пенкалото. Нуди разновидни алатки за цртање, скицирање и создавање дигитална уметност, што го прави совршен избор за уметници, за оние кои водат белешки и за секој што сака да ја изрази својата креативност.
Совршена комбинација: Galaxy S25 Ultra и Tab S11 го извлекуваат целосниот потенцијал од „S Pen“ пенкалото, претворајќи го ракописот во белешки, цртежите во уметност, а идеите во реализација.
Сѐ уште немате „Samsung Galaxy“ уред или пак поседувате постар модел? Samsung ве повикува да ја преземете апликацијата “Try Galaxy“ и да ги испробате најновите функции на „Galaxy“ уредите директно од екранот на вашиот телефон.











































