tempescope_livingroom_cloudy-640x481

Некои од нас работат долго време на компјутер и имаат тенденција да се изгубат во работата без да имаат свесност што се случува надвор. Некои денови се смениле три временски услови – облачно, бура, сонце – a вие упорно гледате во мониторот без да имате поим за тоа.

Ако сакате да ги прекинете ваквите случаи, а воедно да ја пренесете надворешната атмосфера дома, наскоро ќе можете да си го купите уредот насловен Tempescope. Tempescope е уред со форма на исправен квадар со проѕирни ѕидови кој во себе има течност, LE диоди, греачи и слично, со кои успешно ги глуми надворешните услови.

Тој комуницира со друг уред кој се врзува со вашиот компјутер и кој му праќа информации за времето надвор. Може да симулира облачно, дождливо и сончево време, бура и други атмосферски услови, како што можете да забележите на видеото погоре.

За жал, Tempescope се` уште не е достапен за купување, но производителот на својата веб-страница ги постави сите инструкции за да се обидете да си го направите сами по дома. Ако не ве бива за ова тие планираат наскоро да започнат Kickstarter кампања во која веројатно ќе имате можност да ги поддржите – и да си нарачате готов ваков уред.

Приказот на времето каде што се наоѓате е одлична работа, но дали помисливте на приказ на времето на некоја светска локација каде што сонувате да се преселите? На пример, сонувате да живеете на Ибица, и таму го местите Tempescope. Тој ви прикажува сонце и прекрасни дневни услови, а вие во вашата зграда околу која врне дожд уште повеќе се мотивирате да си ги остварите соништата…

Извор: Ubergizmo, Tempescope, Visual News

Претходна статијаAndroid добива “Password Manager” со кој полесно ќе се најавувате на апликациите
Следна статијаDodge Hero – Интересна и заразна игра која нема да можете да престанете да ја играте