Според W3Tech, WordPress е достапен на 1 од 4 веб страни во светот. Оваа платформа за менаџирање на содржина веќе подолг период станува се повеќе популарна, па според бројките, од веб страните кои што користат некој од познатите CMS системи, на WordPress се повеќе од половина од нив.
Иако ова истражување не треба да се земе како 100% точно, сепак невозможно е да се измерат сите веб страни кои што постојат, тоа го покажува трендот достапен кај најмногу популарните страни. Мерењето е направено на најпопуларните 10 милиони веб страни, што може да се каже дека е доволно голема бројка за да претставува реален репрезентативен примерок за носење на заклучоци.
Простор за продолжување на раст на оваа платформа има голем. Според статистиките, голем е бројот на корисници на CMS систем кој што не е познат, па овие корисници се голем таргет на WordPress.
Инаку, оваа платформа започна како место за блогирање, што се’ уште е, меѓутоа прерасна во сериозна платформа за креирање на веб страни. Со огромниот избор на дизајни за страните, па до додатоците кои што ја прошируваат функционалноста, WordPress е одличен избор скоро за секој кој што сака да биде присутен со сопствена веб страна.
Посебно голема предност на ваквите платформи е немањето потреба од познавање на програмските јазици, односно доволно е познавање само на основно ниво и желба за учење, па веб страна може да направи секој.