Google Search уште од 2017 започна со автоматско прикажување на локални резултати при пребарувањето, па веќе не беше важно дали корисникот ја има отворено локализираната страна од Google.
Тоа значи дека веќе не е потребно да се отвори google.mk за да сме сигурни дека резултатите ќе ги земат во предвид и македонските веб страни. Пребарувањето преку google.com ги дава истите резултати, релевантни за локацијата каде се наоѓа корисникот.
Поради тоа, Google најави дека ќе започнат со пренасочувањето на локалните домени на главниот, односно отворањето на локализиран домен ќе пренасочува кон главниот домен, google.com.
Корисниците нема да забележат никаква разлика, со оглед на тоа што со години главната страна автоматски дава локални резултати, па единствената разлика е во адресата, односно доменот.
Промената ќе започне постепено како и секогаш, а ќе биде завршена во месеците што следат.