Google најави доста големо подобрување на нивниот систем за отстранување на лични податоци од корисниците кои се појавуваат во резултатите од пребарувањата. Како лични податоци кои може да бидат отстранети се телефонски број, адреса и имејл адреса.

За разлика од досегашната потреба корисникот сам да најде страна која се појавува во резултатите од пребарувањата преку Google, па да побара тргање на тој резултат, алатката сега самата може да им покаже на корисниците каде се појавуваат нивните лични информации.

Дополнително, оваа алатка сега може да ги извести корисниците за тоа дека нивните лични информации биле дел од пребарувања, па корисниците да побараат нивно тргање.

Оваа новина беше најавена минатата година, па дури сега почнува да биде пуштана за корисниците, а за почеток само во САД. Од компанијата најавуваат проширување на достапноста во повеќе земји наскоро.

Треба да се нагласи дека тргањето на резултатите не значи тргање на веб страната и информациите, нешто што секако на можат да го направат од Google. Исто така, не сите резултати може да бидат тргнати, па тие од владини страни и образовни институции би останале во резултатите.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаiPhone 15 серијата можно е да биде претставена на 13 септември
Следна статијаNothing претстави под-бренд под кој ќе продава поевтини уреди
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.