Фото: Shutterstock.com

Веб страните кои овозможуваат конвертирање на датотеки, како на пример PDF датотеки, веќе влегуваат во категорија на страни со кои треба да се внимава. Секое прикачување на датотека, па потоа симнување на истата, логично претставува ризик. 

Поради тоа не изненадува предупредувањето објавено до страна на FBI Denver за тоа дека ваквите страни веќе се искористуваат од страна на хакерите. Истите го користат познатиот „фишинг“ пристап со креирање на лажни страни исти како некои од познатите вакви страни. 

Корисниците кои не внимаваат доволно ги користат овие страни стандардно, по што симнуваат одредени датотеки кои не би требало. 

Во основа, ова предупредување не значи дека ваквите страни не треба да се користат, но корисниците мора да бидат повнимателни и да ги проверуваат истите. Кратка проверка за тоа која ваква страна е безбедна и проверка на точната адреса, прави голема разлика за заштита онлајн. 

Од бирото предупредуваат дека симнувањето на датотеките може да доведе до симнување на скриен малициозен софтвер кој потоа може да дојде до личните податоци на корисникот, како телефонски броеви, број на лични карти, дата на раѓање, лозинки, информации од банките и слично.

ИЗВОРTom's Guide
Претходна статијаКолку ги чини OpenAI кога корисниците му се заблагодаруваат на ChatGPT за одговорите
Следна статијаInstagram претстави можност за гледање на Reels заедно со пријателите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.