Од денес YouTube видеата, барем дел од нив кои продолжија да ги прикажуваат старите прибелешки, ќе станат подобри и попријатни за гледање. Старите прибелешки, односно annotations, веќе нема да се прикажуваат, па сите потребни информации и линкови во видеата, ќе се прикажуваат само преку интерактивните карти.
Google го најави исклучувањето на прибелешките минатата година за 15 јануари оваа година, па дојде и тој ден.
Мене лично прибелешките ретко ми се имаат погодено како корисни. На некои видеа едноставно ги имаше премногу и непотребно, па гледањето знаело да стане скоро невозможно.
Новите информативни карти изгледаат многу подобро, а исто така се појавуваат на едно фиксно и одредено место, во горниот десен агол и не сметаат при гледањето.