YouTube воведе една мала и можеби незначителна можност, но многу корисна за одредени корисници. Без потребна од инсталирање на посебни додатоци, во менито на YouTube е додадена опцијата Loop, којашто овозможува континуирано повторување на видеото.
Оваа можност е корисна во ситуации кога сакате одредено видео цело време да се врти во позадина. Во наш случај на пример, тоа е видео од звук којшто треба да ги поништи другите звуци од околината, а со тоа полесно да можеме да ги пишуваме статиите.
Иако видеото коешто го користиме за оваа намена трае дури 10 часа, не ретко се случува да заврши и да прекине или да започне наредното од листата.
За да го ставите некое видео во loop, се што треба е да притиснете со десниот клик на самото видео, па на менито коешто и досега беше достапно, да ја притиснете нова Loop опција.
Извор: TNW