Најавен пред една година, официјално започна да функционира системот за заштита од несакано следење развиен во соработка помеѓу Apple и Google. Овој систем требаше да биде пуштен уште минатата година, но беше одложен поради Apple, но еве сега конечно е пуштен со најновата верзија од iOS, односно iOS 17.5.
Google поддршката за системот ја додава на уредите кои функционираат со Android 6.0 и понови, што значи дека ќе бидат покриени повеќето корисници.
Системот е официјално наречен „Детектирање на несакани следачи на локацијата“, а во основа се однесува на малите Bluetooth уреди какви што се AirTag од Apple, Find My уредите на Android и слични.
Целта на системот е да корисниците бидат известени секогаш кога еден ваков уред се движи со нив, а тој не е во нивна сопственост. Корисниците ќе добијат известување во форма „Уред е пронајден кој се движи со вас“ или „Тракер се движи со вас“.
Потоа корисниците ќе можат да добијат повеќе информации за уредот, да го пронајдат каде се наоѓа, како и да го деактивираат. Доколку се работи за позајмен уред, секако тие ќе можат да го остават да функционира.
Системот според информациите се’ уште не е во својата крајна верзија, односно со тек на време ќе се подобрува и ќе се додава поддршка за повеќе производите на ваква мали уреди, како што се Chipolo, eufy, Jio, Motorola и Pebblebee во САД.