Селектирањето отпад како ритуал – зошто е важно сите да го практикуваме?

Кога се стои среде предметите, важно е да се размисли: што ќе се зачува, што ќе се рециклира и што ќе се фрли

Домот е повеќе од ѕидови и мебел, тој е продолжение на внатрешниот свет, огледало на мислите, амбициите и соништата. Но, кога просторот станува натрупан, истото се случува и со умот. Пакомак повикува на длабоко патување: не сезонско чистење, туку безвременска трансформација на сопствениот дом. Оние ретки, драгоцени момени на јасност кои се појавуваат кога опкружувањето, нашиот простор, кога е чист и уреден станува прибежиште.

Она што го истакнува Пакомак е на чистењето да се гледа не како на обврска, туку како филозофија, медитација и бунт против хаосот. Кога се стои среде предметите, важно е да се размисли: што ќе се зачува, што ќе се рециклира и што ќе се фрли. 

Расчистувањето не е само отфрлање предмети, туку избор што останува. Почетокот може да биде од просториите што најчесто се користат: кујнскиот шанк, ноќната масичка, бирото каде што се раѓаат идеи. За секој предмет што ќе се раскрене секогаш се поставува прашањето дали и понатаму ни служи или пак не оптоварува.

Посветеноста на Пакомак кон селектирањето отпад е константна. Не само што се отфрлаат предметите, туку тие во иднина би можеле да се употребат повторно. Заборавените стаклени тегли, прашливите пластични кутии или купиштата картон што чекаат втор живот не припаѓаат на депониите. Кога се фрла сѐ на куп директно во контејнер тогаш е неизбежно материјалите што може да се употребат да бидат уништени или уште полошо да предизвикаат штета.

Има убавина во повторувањето. Сортирањето материјали како што се стакло, метал, хартија не значи само практична задача туку и ритуал. Не учи на внимателност, прецизност и трпение. Кога шише се става во определено место за стакло, значи се селектира, или пак пакуваме картонска кутија што ќе ја однесеме на означеното место, тоа не е само средување туку учество во еден циклус каде што селектирањето е првиот чекор кон некое идно рециклирање.

Со селектирањето на отпадот навистина ја заштитуваме животната средина и голем процент од ѓубрето нема да заврши на депониите. Селектирањето е создавање средина што одразува чиста енергија.

Во зелен контејнер одложуваме стакло (одложуваме сè што е направено од стакло – шишиња, тегли, амбалажа од козметика… Само не кристал и порцелан!)

Во син контејнер хартија и картон (поштенски кутии, тетрапак, тетратки, постери, кутии од храна, амбалажи од сапун).. А во жолт контејнер пластика и лименки (пластични шишиња, лименки, конзерви, амбалажи од детергенти и средства за чистење, ќеси, чаши и чинии).

Пакомак помага во поврзување на точките меѓу расчистен дом, расчистен ум и расчистена планета. Со изборот внимателно да се селектира и свесно да се отстранува непотребното, се придонесува и кон еден глобален напор за понатамошна преобразба на отпадот во ресурси.

Претходна статијаSamsung претставува визуелна вештачка интелигенција во реално време на серијата Galaxy S25 со Gemini Live надградба
Следна статијаПрогласени победниците на Златно тркало 2025 – кои се најпосакуваните автомобили во Македонија?