Windows-10-Range-Lumia-950-950XL-jpg

Финалната верзија од Windows 10 за мобилните телефони требаше да биде достапна за корисниците веќе одамна, а беше толку пати одложена што сигурно голем број на корисници се имаат откажано од чекање и префрлено на друга платформа.

Иако голем е бројот на Windows Insider-и, сепак повеќето корисници чекаат Windows 10 официјално да биде достапен за нивниот уред, наместо да го тестираат со ризик нешто да не работи како што треба.

За повеќето Lumia модели се очекува да биде достапна надградбата, само останува да се види кога ќе се случи тоа. Последната информација којашто требаше да биде конечна, го стави почетокот на достапноста за 29-ти февруари, меѓутоа денот си помина и никаква информација барем немаше околу достапноста.

Најновата информација денес доаѓа од телеком операторот Vodafone Италија кои преку нивниот Twitter профил објавија листа на Lumia телефони кои ќе ја добијат Windows 10 надградбата од 7 – 13 март.

Телефоните коишто се набројани во листата се следните:

Lumia 535, 635, 735, 830, 930 и 1520.

Потврда за оваа информација нема, па не се знае дали е точна. Сепак и да е точна, тоа не значи дека во тој период другите региони ќе почнат да ја добиваат надградбата, но сигурно ќе значи дека крајот на чекањето е блиску.

За сите коишто не сакаат веќе да чекаат, би препорачале да слободно ја инсталирате Insider верзијата којашто веќе е доволно стабилна и со мал број на багови, па нема да претставува проблем да ја користите на вашиот главен телефон.

Извор: GSMArena

Претходна статијаПет причини зошто сериите се новите филмови
Следна статијаАстронаутот Скот Кели на Вселенската Станица „убивал вонземјани со HoloLens“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.