Фото: Shutterstock.com

Windows 11 покрај одличниот редизајн, дојде и со неколку нови функции, како на пример Widgets делот кој во некоја од наредните верзии од системот, ќе добие поддршка за „виџети“ од трети страни.

Доколку сте корисник кој повеќе претпочита да ја користи тастатурата, наместо глувчето, во продолжение ви споделуваме неколку кратенки за тастатурата. Со овие кратенки некои од работите може да се направат без потреба од користење на глувчето, а ова е посебно корисно доколку компјутерот го користите за пишување, па рацете често ви се на тастатурата.

КратенкаАктивност
Windows копче + WСе отвора Widgets делот
Windows копче + NСе отвора центарот за известувања
Windows копче + ZСе отвораат Snap позициите за поставување на прозорите на страните од екранот
Windows копче + Alt + стрелка нагореПоставување на селектираниот прозор на горната половина од екранот
Windows копче + Alt + стрелка надолуПоставување на селектираниот прозор на долната половина од екранот
Windows + CСе отвора Microsoft Teams, апликација која сега е интегрирана во Windows 11

Ова секако не се сите кратенки, а ги има многу, па овие се тие кои се карактеристични за Windows 11 и со кои може да се направат некои од најчесто користените активности.