Исус страдаше и загина за нашите грешки, а потоа воскресна бидејќи не би било кул синот на Господ толку лесно да умре. Барем тоа е верзијата која ја кажува Библијата.
Тоа што беше досега резервирано само за ретки (полу)луѓе во сомнителни историски приказни наскоро ќе биде овозможено и на многу други луѓе, особено тие кои имаат да си платат за такво нешто. Компанијата Humai работи на процедури и план за „воскреснување“ луѓе преку користење на вештачка интелигенција.
Со помош на запишување на податоци во врска со однесувањата, размислите, постапките, документите и други работи кои едно лице ги направило, тие ќе го изградат профилот кој ќе биде сместен во вештачка интелигенција. Потоа тој профил ќе може да размислува и враќа на пораки со специфичниот стил на емулираниот човек, поставувајќи го бизарното прашање за филозофско зомби.
Потоа профилот ќе биде сместен во вештачко тело кое во себе ќе го носи вистинскиот мозок на човекот кој ќе биде претходно зачуван со криогенски замрзнувачки техники. Не се знае дали однесувањата ќе бидат пружени од биолошкиот или од синтетичкиот „мозок“.
Да, приказната станува побизарна со секоја искуцана реченица. Од друга страна, кој не би сакал да живее вечно? Спојот на технологијата со човекот можеби ќе го овозможи токму тоа или барем драстично продолжување на животниот век.
Извор: Ubergizmo, IFLScience
Фото: Victor Habbick @ FreeDigitalPhotos.net