Тоа што го гледавме како демонстрација на MagicLeap (компанија која беше финансиски помогната од Google) изгледа полека почна да се остварува и од други играчи. Поточно, од Microsoft.
Се работи за таканаречениот Project X-Ray самошто претставен на Windows 10 настанот, кој со помош на HoloLens (уште едно парче технологија за виртуелна и надградена реалност од оваа компанија) е остварување на игра во надградена реалност. Играта се состои од вонземјани кои излегуваат од вашите ѕидови, а вие треба да ги совладате со различни оружја и алатки.
Microsoft ова го постигнале со скенирање на вашата соба со рентгенски (Х) зраци. Во исто време носите HoloLens и како се вртите или движите низ собата, така надградената реалност се менува. Самата игра знае точно каде се наоѓаат ѕидовите во собата преку сензорот и прецизно ги создава вонземјаните да излегуваат од нив.
Засега ова е парче скапа технологија, но тоа е и очекувано со оглед на тоа што го нуди, а е исто така наменета за разввиачите. Нема цена на Project X-Ray, но HoloLens ќе чинат 3.000 американски долари и ќе пристигнат на пазарот во 2016 година. Нормално, очекуваме цената да паѓа како што ќе се појавува спремна конкуренција која ќе нуди подобри уреди со подобри карактеристики. Project X-Ray на пример изгледа прилично сиромашно од аспект на графиката и игривоста која ја нуди, но фантазијата не треба да ни сопре тука нели?
Извор: Engadget, The Next Web