За време на презентацијата на финансиските резултати, главниот оперативен директор на Dell, Џефри Кларк, има истакнато дека 500 милиони компјутери сѐ уште функционираат на Windows 10, а се компатибилни со Windows 11.
Информацијата ја пренесуваат од The Verge, од каде додаваат дека Кларк истакнува дека уште 500 милиони компјутери не се ни компатибилни за да можат да бидат надградени на Windows 11. Бројките се однесуваат на целиот пазар, а не само за уделот на Dell.
Ова само ја потврдува ситуацијата која и од страна изгледа дека е така, а кратко кажано, голем дел од корисниците едноставно не сакаат да го користат Windows 11, додека за голем дел проблем се и барањата кои Microsoft реши да ги постави.
Поради барањата за компатибилност со Windows 11, доста способни и функционални компјутери не можат да го инсталираат овој систем, па корисниците едноставно останаа на Windows 10.
Сепак, дел од промените кои ги донесе Windows 11, неконзистентниот кориснички интерфејс, додавањето апликации, реклами, вештачка интелигенција и слично, едноставно ги држи корисниците на Windows 10.
Голем дел од корисниците се решаваат и за некоја од Linux дистрибуциите, а една од нив е Zorin OS 18, од каде истакнаа дека системот е симнат 1 милион пати по истекот на поддршката за Windows 10.
Како стојат работите со Microsoft, а се поголемиот избор на игри на Linux, можно е Windows постепено да почне да ја губи својата позиција.










































