Фото: Shutterstock.com

Apple минатата недела ги објави нивните најнови финансиски резултати, кај нив малку различно се делат кварталите, односно за периодот кој завршува со 27 декември 2025 година. 

Резултатите, кратко кажано, се одлични, а Марк Гурман ја анализира одличната продажба на iPhone 17 и покрај доцнењето на функциите со генеративна вештачка интелигенција. 

Гурман ја започнува анализата со истакнување на информацијата дека Apple имале историски празничен квартал, а iPhone 17 Pro е хит помеѓу купувачите. Телефонот донесува освежен дизајн, подобрени перформанси и батерија, како и нови бои. 

Приходите од продажбата на iPhone телефони изнесуваат 85 милијарди долари, а тие претставуваат најголем раст на продажбата од 2021. 

Интересно е што Гурман истакнува дека продажбата можела да биде уште поголема, односно поради големата побарувачка, од Apple не можеле да постигнат со обезбедување доволно уреди на пазарот. 

Во тековниот квартал се очекува раст на продажбата од 16%, што е повеќе од тоа што го имаат предвидено одредени аналитичари. 

Во анализата Гурман продолжува со тврдењето дека Apple нема да може да продолжи со вакви успеси доколку не успее да го реши „проблемот“ со вештачката интелигенција кој го има. 

Конкурентите веќе се доста понапред, а посебно ги истакнува OpenAI и очекувањето на нивниот прв производ оваа година, кој најверојатно ќе биде во форма на конкурент на AirPods. 

За понатаму се очекува дека OpenAI ќе се обиде да му конкурира на главниот Apple производ, односно iPhone, а за се ова го имаат еден од клучните поранешни вработени во компанијата, Џони Ајв. 

„Следните 25 години ќе бидат дефинирани од вештачката интелигенција на ист начин. Apple ќе треба да ги обнови своите хардверски и оперативни системи користејќи менталитет на вештачката интелигенција пред сè – со гласовни интеракции и агенти на вештачката интелигенција кои ќе го заменат сегашниот модел центриран на апликации.“ – истакнува Гурман. 

Гурман заклучува со очекувањата дека Apple ќе работи на развојот и унапредувањето на сопствените сервери, а договорот со Google не е долгорочно решение, па истото е тука само за да се помине овој период.