Фото: Џон Просер / fpt.

Џон Просер, преку новиот познат YouTube канал fpt., објави слики од неофицијалниот тенок iPhone, за кого верува дека дефинитивно ќе биде наречен iPhone Air. 

За овој телефон повеќе пати можевме да прочитаме, а фактот што и Samsung најави претставување на потенок уред, може да се смета како доказ дека и од Apple работат на вакво нешто. 

Просер, како и повеќе пати досега, тврди дека тој ги има видено официјалните дизајни на уредот, па заедно со неговите тврдења за iPhone 17 Pro, големи се шансите да ги имаме телефоните од Apple за оваа година. 

Од тоа што може да се види, Apple за оваа година конечно подготвува промена на изгледот на нивните телефони кои со години се целосно исти. Реакциите на неофицијалните промени се различни, а повеќето на почеток реагираа негативно. 

Сликата која ја објавува Просер за iPhone Air е во правец на дизајнот на iPhone 17 Pro, односно Apple модулот за камера ќе го прошири на целата задна страна, односно горниот дел. 

Фото: Џон Просер / fpt.

Се очекува дека iPhone Air ќе го замени досегашниот iPhone Plus модел, а ќе видиме дали цената ќе биде висока како што досега се истакнуваше, но Просер верува дека тоа нема да биде случајот. 

Што се однесува до карактеристиките, iPhone Air се очекува да има само една камера на задната страна, на предната страна ќе го има препознатливиот „исечок“, а дебелината повторно се најавува за 5 до 6 милиметри. 

Работите полека почнуваат да добиваат некаква „форма“, па оваа година дефинитивно ќе биде поинтересна, барем од минатата.  

Претходна статијаПовторни најави за пуштање на Music Pro претплатата од страна на Spotify, сега за оваа година
Следна статијаНаучниците откриваат докази за древни езера на Марс
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.