Фото: Honda

Honda и Nissan ги потврдија гласините кои беа објавени минатата недела дека двете компании размислуваат за спојување. Компаниите сега официјално потпишаа Меморандум за разбирање врз основа на кој ќе започнат со разговори во правец на интеграција на бизнисите преку создавање на нова заедничка холдинг компанија. 

Новата холдинг компанија ќе стане целосен сопственик на двете компании, а идниот месец и Mitsubishi ќе одлучат дали ќе се приклучат кон оваа компанија. Mitsubishi е во игра поради тоа што Nissan се главниот акционер во компанија. 

Според информациите, повеќето членови во одборот на директори во новата холдинг компанија би биле назначени од страна на Honda, а со оглед на вредноста на компаниите тоа е и очекувано. 

Една од причините, иако истата не се истакнува официјално, за спојувањето на компаниите е и слабата работа на познатата Nissan. Со спојувањето може да се каже дека оваа компанија би ја добила потребната помош за продолжување со работа, а посебно во време на огромна конкуренција на пазарот на електрични автомобили од Кина, како и Tesla. 

Оваа конкуренција на пазарот е истакната и како една од главните причини за спојувањето на компаниите кои со договорот ќе станат третиот најголеми производител на автомобили, по Toyota и Volkswagen. 

Новата компанија ќе ја донесе предноста на споделување на технологијата и ресурсите на посебните компании, а тие ќе ги вклучуваат стандардизирање на платформите, истражување и развој, оптимизирање на производствениот процес и слично. 

Директорот на Хонда, Тошихиро Мибе, изјави: “Создавањето на нова вредност во мобилноста преку обединување на ресурсите, вклучувајќи знаење, таленти и технологии што Хонда и Нисан ги развиваа долги години, е од суштинско значење за надминување на предизвикувачките еколошки промени со кои се соочува автомобилската индустрија. Хонда и Нисан се две компании со посебни силни страни. Сè уште сме во фаза на започнување на нашата ревизија и сè уште не сме одлучиле за деловна интеграција, но за да најдеме насока за можноста за деловна интеграција до крајот на јануари 2025 година, се стремиме да бидеме единствената водечка компанија која создава нова вредност во мобилноста преку хемиска реакција која може да се постигне само преку синтеза на двата тима.”

Дефинитивната одлука за формирањето на новата заедничка холдинг компанија треба да се донесе до јуни идната година, по што формирањето на истата би се случило околу август 2026. Акциите на компаниите тогаш би биле тргнати од пазарот, по што ќе станат достапни акциите од новата компанија.

ИЗВОРHonda
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаGoogle даде свои предлози за решавање на проблемот поради кои Министерството за Правда бара „растурање“ на компанијата
Следна статијаСпортот како мост за единство: ЕМОФ Скопје 2025 ја поврзува Македонија со Европа
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.