Dark Crimes
Овој филм се базира на написот „Вистински злосторства – мистерија за постмодерно убиство“, објавен во „Њујоркер“ од Дејвид Гран на 11 февруари 2008 година. Статијата ја раскажува чудната вистинска крими-приказна за Кристиан Бала, писател уапсен за убиство на полски бизнисмен. Детективот Јацек од полициската управа во Вроцлав, Полска го истражувал злосторството без никаков успех, но три години подоцна повторно го отворил случајот откако прочитал крими-роман, бидејќи книгата содржела описи на убиство кои биле премногу слични со убиството на кое работел и не можело да се работи за случајност.
Филмот се снимал 32 дена во Краков, Полска и ова е шанса да се види Џим Кери во една поинаква улога. Носи сива брада, кратко потстрижана коса, ролка и сако потсетувајќи на тивок професор по словенска литература од средината на 60-тите. Неговиот лик, по име Тадек, е всушност полски полицаец, детектив кој по неуспешна истрага бил деградиран на пониска позиција како службеник во сала за евиденција. Очаен да го врати својот статус, но и неговото достоинство, тој се фаќа за случај на убиство што никој друг нема да го допре, можеби затоа што вклучува секс-клуб што го посетува неговиот шеф. Во Dark Crimes, Кери како да се воздржува трудејќи се да не покаже ни назнака од својот природен дух и хумор, како да навлекол покерашко лице и си мисли: Колку помалку глумам овде, толку повеќе ќе изгледам како да „глумам“.
Не го пропуштајте филмот каде Џим Кери не личи на себе. Dark Crimes на 20.11 во 23:10 на FilmBox Premium
Get Carter
Една од причините зошто Сер Мајкл Кејн се согласи да се појави во овој римејк на еден од неговите најдобри филмови е бидејќи тоа му даде шанса да работи со неговиот пријател, Силвестер Сталоне. Двајцата се поврзаа кога го снимија „Победата на Џон Хјустон“ (1981).
„Franchise Pictures“ не сакаше да му даде улога на Мики Рурк, со оглед на неговото проблематично минато. Силвестер Сталоне, кој пријателски го предложи Рурк за улогата, гарантираше со дел од неговата плата пред продуцентите со цел продукцијата да биде покриена доколку поради однесувањето на Рурк настане одложувања или проблеми на снимањето. Рурк се појавуваше секој ден навреме и беше комплетен професионалец. Неговата работа ја импресионираше продукциската куќа така што набргу потоа го ангажираа и за нивниот следен филм, The Pledge (2001). Пред да соработуваат Силвестер Сталоне и Мики Рурк, за двајцата се зборуваше дека ќе го играат Аксел Фоли во полицаецот од Беверли Хилс (1984) и Буч Кулиџ во Pulp Fiction (1994).

Интересно е што оригиналното сценарио, на кое Сталоне потпиша, беше многу понасилно, и повеќе се фокусираше на елементот „одмазда“ но тоа се промени пред снимањето. Филмската екипа вклучува еден оскаровец: Мајкл Кејн; и тројца номинирани за Оскар: Силвестер Сталоне, Миранда Ричардсон и Мики Рурк. Затоа ставете си го Get Carter на агендата за 20.11 во 22:40, се емитува на FilmBox Stars.
The Gambler
Марк Волберг ослабел 30 килограми за улогата на Џим Бенет. Со диета составена од претежно течна храна и зеленчук и строги кардио вежби се симнал од 90 на 62 килограми. Волберг тврдеше дека намерно поставил 62 килограми како своја цел, бидејќи најслаб претходно бил во “Bооgie nights” (1997), во кој играл тинејџер и имал 62 килограми. Тој бил решен да ја оствари улогата на професор по литература, толку веродостојно што посетувал многу курсеви низ различни колеџи во Калифорнија и анализирал многу професори и нивните манири за да може да постигне врвна интерпретација.
The Gambler е навистина одлична драма, од глумата на Марк Волберг, Бри Ларсон, Џон Гудман и Мајкл К. Вилијамс преку режијата на Руперт Вајат која е навистина одлична, до саундтракот и музиката на Тео Грин и Џон Брион.

Гледајте го The Gambler на 27.11 во 00:10 на FilmBox Extra
За повеќе новости за FilmBox следете ја Facebook страницата Filmbox Macedonia. FilmBox каналите ви ги овозможува SPI International, а се достапни на A1 операторот како и на Neotel, Inel Internacional, Viva Net, TRD Kabel, Kanal 16 Ресен, Altra Sat 2000 Охрид, Infel KTV Охрид, Kable Kall Кичево, KDS Kablenet Прилеп и Vinsat Kabel.