10476465_649516958466292_4333155932304127349_o

Доколку никогаш не сте имале потреба да прикачите поголем фајл во некоја од вашите папки во облакот, можеби и не знаете дека нивната големина и ограничена, односно не можете да прикачите фајл со колкава сакате големина. Лимитот на големината на фајловите е различен кај секој од достапните сервиси, па така OneDrive има лимит од 2GB, Dropbox нема лимит на големината на фајловите кои што се прикачуваат преку апликациите, а има лимит од 10GB доколку прикачувате фајл преку веб. Google Drive исто така вклучува лимит, меѓутоа тој е поставен на 5TB, што веруваме дека ретки се тие кои што би стигнале и блиску до него.

Доколку се разгледаат најпознатите провајдери на cloud сервиси, може да се види дека OneDrive од Microsoft има најмал лимит, односно дозволува прикачување на најмала големина на фајлови. Ова е нешто што е предмет на критика од страна на корисниците, па дури и причина зошто да не го користат сервисот за некои од нив.

Очекувано, од компанијата се во фаза на тргање на лимитот од 2GB, па корисниците ќе можат да прикачуваат многу поголеми фајлови во нивните папки. Поради тоа што ова се’ уште не е официјално, кој ќе биде новиот лимит, ако го има, не е познато во овој момент. Лимитот во овој момент е тргнат за одредена бројка на корисници, што покажува дека од компанијата уште се во фаза на тестирање на зголемувањето, па може да се очекува тоа да биде овозможено за сите корисниците во периодот што следи.

Дека од компанијата навистина работат на тоа и планираат да го тргнат лимитот од 2GB истакна и Omar Shahine како одговор на прашање поставено на User Voice сметката за OneDrive. На прашањето до каде е со зголемување на лимитот и дали воопшто се работи на тоа, Shanine одговори на следниот начин:

Не е произволно. Ова е едноставно стар лимит на кој што работиме да го тргнеме веќе доволно долго време. Добрите вести се дека активно работиме на тоа.

Исто така на прашање поставено до Microsoft од страна на The Next Web порталот, портпарол на компанијата има одговорено:

Како што напомнавме на нашиот uservoice, имаме почнато да работиме на зголемување на лимитот на фајловите за сите OneDrive сметки. Го почнавме процесот со помала бројка на сметки од нашите корисници и ќе продолжиме да го овозможуваме на сите наши корисници. Ќе имаме повеќе да кажеме за ова во блиска иднина, останете да го следите OneDrive блогот.

Оваа одлука на компанијата е очекувана со оглед на вниманието кое што го посветува на овој сервис. При крајот на Јуни, бесплатната сметка беше зголемена на 15GB, додека таа на корисниците на Office 365 и понудите за бизнис корисници е зголемена на 1TB.

Извор: TNW, PCWorld

Претходна статијаArea 51 на Alienware, моќно куќиште создадено за најтвродкорните гејмери
Следна статијаAMD претстави економичен осумјадрен процесор
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.