Фото: Vasilije Corluka Publicis Groupe

На 4 ноември во Скопје, претставници на некои од најголемите светски и домашни компании како TikTok, VISA, НЛБ Банка, А1, Ananas и многу други ќе бидат дел од 8-мата по ред регионална конференција за е-трговија која ќе се одржи на 4 ноември во Македонската опера и балет во Скопје. За првпат ќе биде претставен и новиот концепт на одржување на две паралелни сцени, на кои учесниците ќе се претстават со инспиративни говори и со клучни знаења од нивните области. 

Четврта година по ред, Конференцијата го задржува својот регионален карактер и во текот на еден ден ќе претстави повеќе од 20 говорници – експерти во своите области, и очекува да собере повеќе од 800 заинтересирани посетители. 

Во очекување на своето најголемо и најцелосно издание досега, Конференцијата за е-трговија ќе ги собере на едно место некои од најистакнатите домашни и меѓународни експерти од повеќе области. Преку инспиративни и едукативни говори, панел дискусии и сесии на прашања и одговори, говорниците ќе покажат во кои аспекти од е-трговијата е веќе достигнат потенцијалот, а каде и понатаму има простор за развој. Овогодинешното издание доаѓа со тематско проширување – покрај е-трговијата, засилен фокус ќе биде ставен и на маркетингот и вештачката интелигенција (AI), две области кои се постојан предмет на дискусија во професионалните кругови и веќе имаат големи ефекти кон индустријата.

„Е-трговијата влегува во нова ера, дефинирана од брзи технолошки промени и променливи очекувања на потрошувачите. Генеративната вештачка интелигенција (AI) го редефинира создавањето содржина, додека напредните аналитики овозможуваат носење на високо-квалитетни одлуки. Во исто време експлозивниот раст на продажните медиуми (retail media), стануваат значаен извор на приходи на компаниите во е-трговијата. Ова значи дека новите трендови го менуваат начинот на кој бизнисите ги привлекуваат и ги задржуваат клиентите.

Во исто време, важноста на податоците и маркетинг пристапот базиран на податоци, никогаш не била поголема, бидејќи им овозможуваат на брендовите да испорачуваат персонализирани искуства за своите клиенти, а со тоа и да ги унапредат своите бизнис резултати” изјави Барбара Грабивода, Publicis Groupe Chief Commerce Strategy Officer, одговорна за регионот на Централна и Источна Европа.

Конференцијата традиционално ќе започне со обраќање на претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска Станков, која ќе ги претстави клучните трендови и сознанија за развојот на е-трговијата во регионот во 2025 година. На сцената потоа ќе следат презентации и говори на претставници на светски познати компании како TikTok, Booking, Publicis Groupe, Wolt и многу други.

Особено интересно ќе биде да се проследи панелот на Барбара Грабивода (Publicis Groupe) под наслов „The Future of E-Commerce, Harnessing AI, Data and Connected Identity for Growth“, како и на Василије Ќорлука (Publicis Groupe) на тема „Unlocking The Potential of Your First Party Data“, кои ќе истакнат аспекти на современата трговија кои можат да ги забрзаат растот на компаниите и индустриите.

Фото: Vasilije Corluka Publicis Groupe

„Се радувам на можноста пред македонскита деловна јавност да го претставам решението за data-driven маркетинг пристап кое Публицис Групацијата забрзано го развивива во изминатите години и кое покажува одлични резултати кај нашите глобални и регионални клиенти. Концептот на “Connected identity” им овозможува на бизнисите целосно да го искористат потенцијалот на своите клиентските податоци за прецизно персонализирање и таргетирање на нивните маркетинг активности, со што добиваат конкретни придобивки – како повисоки стапки на конверзија и бренд лојалност, оптимизација на медиумските трошоци и повисок поврат на инвестициите (ROI). Без разлика дали се работи за компании од е-трговијата, retail, FMCG, финансиски услуги, телекомуникации или B2B, пристапот на “Connected identity”, отвара нови можности за раст, во услови на забрзани промени на деловното опкружување” изјави Василије Ќорлука Директор за Бизнис Развој во Публицис Групацијата за Адриатик регионот.

Се очекува и оваа година конференцијата да биде распродадена до последното место, со што само ќе го потврди огромниот интерес и значајноста на овој настан за компаниите и за развојот на е-трговијата во регионот. Сите заинтересирани треба што побрзо да го резервираат своето место, пред бројот на посетители да биде целосно пополнет. 

Повеќе информации за агендата, говорниците и билетите се достапни на официјалната веб-страница: www.ecommerceconference.mk.

Ова издание носи и тематско проширување – покрај е-трговијата, фокусот ќе биде ставен на маркетингот и вештачката интелигенција (AI), две области кои ја движат дигиталната трансформација и го забрзуваат развојот на индустријата. Новиот концепт веќе предизвика голем интерес кај компаниите и професионалците од целиот регион.