Фото: Shutterstock.com

Дали е поради форсирањето на Copilot и се друго што Microsoft го прави изминатите години или нешто друго, но Linux никогаш немале поголема шанса за добивање на многу поголем удел на пазарот. 

Како еден од главните фактори кој мораше да се случи за да воопшто има шанса за поголема популарност на Linux е достапноста на најголемиот дел на игри од Windows, а благодарение на Valve, развивачите на Steam. 

Во основа, Valve поради нивниот SteamOS работеа на развој на технологија која овозможува работа на Windows апликации на Linux. Proton технологијата, која е направена на основа на познатата Wine е развиена во соработка со CodeWeavers кои се познати по својот CrossOver софтвер за macOS и Linux. 

Со достапноста на софтвер кој е специјално развиен за да може да функционираат повеќето Windows игри, останува само прашањето, колку е тој добар, односно какви би биле перформансите на тие игри кои сепак се развиени за Windows. 

Видеото во продолжение е одлично за таа цел, па „ETA PRIME“ тестира повеќе игри за да види какви се перформансите, а споредбата е помеѓу Windows 11 и SteamOS. 

Компјутерот е поставен како „dual boot“, што значи споредбата е фер, на ист компјутер со истиот хардвер, иако има некои кои тврдат дека Linux подобро би функционирал доколку не е инсталиран заедно со Windows 11. 

Компјутерот функционира со AMD Ryzen 7 9800X3D процесор, Radeon 7900XTX графика со 24GB GDDR6 меморија, на Asrock B850 Challenger MOBO матична плоча и два посебно NVMe дискови по 1TB. 

Резултатите од различните игри можете да ги погледнете на видеото во продолжение, а може слободно да се заклучи дека иако на некои игри SteamOS има нешто послаби перформанси, Linux „гејмингот“ дефинитивно треба да му се даде шанса оваа година.